🎥 ЗНААТ ДА НАПАДНАТ, НО ДРВОКРАДЦИТЕ НАЈЧЕСТО ЗАВРШУВААТ ВАКА Заменикот-директор на „Национални шуми“ објави видео од апсењето во Банско
Михаилов потсетува и на други напади врз службени лица во минатотот, кои сега се поретки, поради високите казни за лицата кои ги напаѓаат службениците при извршување на нивните задачи.
Заменик-директорот на „Национални шуми“, Кире Михаилов во објава на социјалните мрежи реагираше на последните случаи на напади врз службени лица од криминалци поврзани со дрвокрадството, притоа објавувајќи видео запис од уапсените дрвокрадци.
Како што објави МВР, на 13 септември, околу 12:30 часот во село Банско, струмичко, полициски службеници биле нападнати од ддрвократци, додека се обидувале да имм извршат контрола.
Проитоа еден од возачите го стартувал возилото и удрил во полициски службеник од Фронтекс од Полска, а потоа и во трактор „ИМТ”, управуван од локален жител на Банско. Полицијата ги онеспособила и ги уапсила двајцата затечени во делото.
Михаилов потсетува и на други напади врз службени лица во минатотот, кои сега се поретки, поради високите казни за лицата кои ги напаѓаат службениците при извршување на нивните задачи.
Како пример го посочува селото Банско, каде што, како што наведува, во 2014 година бил тешко повреден шумочувар при напад.
Во објавата тој потсетува и на нападот врз шумските полицајци на територијата на Општина Чашка во 2024 година, како и на неодамнешниот случај во Штипско, каде што, според него, биле нападнати службеници.
Михаилов во објавата испраќа порака дека непочитувањето на законите и нападите врз службените лица мора да имаат соодветни последици.
„Како што кажав, кога-тогаш, како на видеово од синоќа, ќе ги снајде истото сите оние кои не го почитуваат Законот“, наведува Михаилов.
Тој додава дека во Министерството за внатрешни работи и во останатите институции работат службеници кои, како што вели, чесно и професионално ја извршуваат својата работа.
СО ВОЗИЛО ИЗГАЗИЛ ПОЛСКИ ПОЛИЦАЕЦ ОД ФРОНТЕКС Го запреле натоварен со дрва