Е па, сега ние ли ви личиме на идиоти?

Хорот стаса дури и до епохално ступидниот рефрен „Немаме за леб, ама за Гета има“, преку уличното рангирање на посочениот Давид Гета и дали такви проекти воопшто ни требаат, до дилетантско разглобување на финансиската страна на прославата небаре прва и последна од тој тип итн.

0

Ни насловот, ниту пак текстот, немаат намера на каков и да е начин да го минимизираат или оправдаат она провинциско-простачко обраќање коешто, со право предизвика јавен револт. Но сепак се поврзува со целата таа пост-фестум ситуација и крекавиот хор на цела сурија вувузели која разврза мини-оперетка најмалку за ступидниот инцидент туку за сѐ друго, повеќе индиректно отколку директно поврзано со прославата на годишнината од независноста.

Хорот стаса дури и до епохално ступидниот рефрен „Немаме за леб, ама за Гета има“, преку уличното рангирање на посочениот Давид Гета и дали такви проекти воопшто ни требаат, до дилетантско разглобување на финансиската страна на прославата небаре прва и последна од тој тип итн.






Прво за првото: да имаше Македонија некаква, каква и да е, културна политика во изминативе триесет и пет години, ние досега ќе бевме една од централните културни точки (барем) на Балканот ако не во Европа. Но Македонија – попрво нејзиниот културен талог – не сака да има современа културна политика бидејќи тогаш ќе стане уште поочебијна катастрофалната невредност на нејзините самопрогласени „првенци“, „заслужни уметници“, „авангардисти“ и слични шарлатани кои секојдневно се шепурат низ македонската културна сцена. Ние имаме некаков документ кој го викаме Национална стратегија за развој на културата, но исто како и да го немаме бидејќи (реално) никого не обврзува на ништо. А во времето на „славната скафандерка“ наградена со министерско место – го забошотија и тој документ! Го украдоа, како и многу други нешта.

Не дека тој нешто решава или гарантира, но секој љубопитен може да види што планира државата во еден период, може да сугерира, да предложи… Вака, без него, уживанција! Впрочем, што чудо од импотентни стратегии имаме што ништо не значат…

Но јас сепак говорам за друг тип културна политика, онаа која државата ја гледа како субјект во културното милје на Европа и светот, инсистира на учество во размената на културните вредности и, пред сѐ друго, во позиционирањето како една од магистралните културни раскрсници на Балканот. А тоа значи (и) прифаќање на врвни светски имиња како Гета, па и Карерас, ако баш сакате, чија слава не темнее со годините. Но нашата провинциска простотија, нели, умее сѐ да изгнаси.

Па оттука, за второто: кој е тој Гета, што е тој… итн. На провинцијалецот му е по мерка само локалното, селското, игнорантското…, нешто што ќе испие два литри ракија и три гајби пиво и ќе сече вени или ќе започне тепачка. Чаше ломим…, пееше еден неодамнешен премиер среде „Скадарлија“ (онаа која што не е, демек, од нашиот „српски свет“!). Тоа ли ѝ треба на Македонија? Е Гета не е тоа, иако не мора секому да му е по ќеф. И „го има“ на светските музички сцени! Но на локалнава сељачана би им пречеле и Пикасо (затоа и го кријат во депоата на МСУ), Капур и Кифер, би се спрдачеле и со Џетро Тал или Џими Хендрикс, затоа го избркаа и Малкович а Стефан Миленковиќ кај нас одвај поминува како кафеански виолинист итн.

Сме немале за леб, ама имало – за Гета! Господ да чува и да брани. И чекаат четири часа на граница за да се вратат дома со купениот леб!

Но Македонија не беше секогаш таква. Не беше ни пред 1990 година, па ни после. До извесна граница. Некои институции (МТВ) умееа, на пример, да се позиционираат како едни од пионерите во поддршката на видео уметноста во екс-Југославија анимирајќи ја и македонската видео сцена и презентирајќи го најдоброто во оваа уметност од светот додека „уметничките“ институции дремеа во нивната провинциска зачмаеност и незнаење. Низ одделни фестивали помина светската режисерска и снимателска филмска елита, ама таа на слепциве само им покажуваше колку се минорни во нивните закожурени умови. Па затоа и престанаа да ги канат за тие да станат – „елита“! И само со едното око поспано ѕиркаше што се случува „надвор“. Потоа – и тоа го затворија. За триесет и пет години не успеавме да направиме една пристојна меѓународна манифестација на визуелната уметност наспроти триесетината „меѓународни“ ликовни колонии со гости од Бугарија и Албанија итн.

Да имаше македонската култура современа и амбициозна културна политика Гета, и Тијесто, и Капур или Рој ќе ги гледавме почесто, можеби ќе ги слушавме и Боно или Тејлор Свифт, можеби во Македонија ќе се снимеше некоја голема копродукција…?! Можеби, но не со ваква амбивалентна односно поданичко-силеџиска култура: поданичка кон политиката и силеџиска кон јавноста. И особено не со онакви политички шарлатани како актуелниве критизери во таканаречената опозиција.

Зашто, заборавајќи на сите свои криминално-коруптивни потфати во изминативе години, тие и понатаму се дрзнуваат да го изрецитираат она „сдсм бара“. Врз основа на што – бара, со што заслужило да бара, па и да добие? Имаа цели седум непречени години да го направат тоа што сега го бараат, па и да го исполнат она што го ветуваа. Направија – ништо. Ама сега бараат…

Што? Ние им личиме на идиоти без меморија и свест за нивните државни катастрофи?

За една – да простите – пишлива нато-прослава (малите букви се…), за еден ден, поарчиле 244.000 евра. Што за еден месец, колку што траеше прославата на годишнината, би изнесувало 7.5 милиони евра! Ама упорно „бараат“ сега некој баш ним да им поднесе сметка за потрошените 4.5 милиони! Нивните министри за култура во изминатите седум години беа шега и смеа (а најчесто солза), палјачовци за показ, како впрочем и целата друга политикантска екипа. Впрочем, оној повеќегодишен резил што се случува(ше) со Охрид и УНЕСКО е директно наследство на нивната неспособност, неукост и самобендисаност.

Ама тие – „бараат“! Па барајте во Дубаи.

Поврзани содржини