📽️ ИМАЛ 210 КИЛОГРАМИ, БИЛ ПОКРИЕН СО РАНИ ОД ЛЕЖЕЊЕ И СЕ ПЛАШЕЛ ДЕКА ЌЕ УМРЕ 22-годишник од Тексас ослабел 124 килограми и целосно се трансформирал без лекови за слабеење
Дејвид Џон Кастањеда на 19 години тежел околу 210 килограми и поголемиот дел од денот го минувал во кревет, денес може да истрча пет километри за помалку од половина час.
Кога имал само 19 години, Дејвид Џон Кастањеда од Тексас тежел 464 фунти, односно околу 210 килограми. Деновите најчесто ги минувал во кревет, јадејќи.
Неговиот појадок вообичаено бил омлет од осум јајца со сирење, шунка и сланина. Потоа следувале цело пакување тестенини со говедско или пилешко, безброј парчиња леб и големи количества тортиљи со речиси секој оброк.
За вечера јадел дополнителни порции месо и толку ориз што, како што самиот се пошегувал, би можело да се нахрани цело село. Меѓуоброците најчесто биле чипс, пуканки, сладолед и чинии со житарки.
Дејвид сфатил дека ситуацијата станала сериозна. Телото му било покриено со рани од долго лежење, имал промена на бојата на кожата на вратот и инсулинска резистенција. Во еден момент бил толку тежок што дури и вагата престанала да ја регистрира неговата тежина.
@djcastanedaa If you want it take it.
– Постојаната борба со гладот ми ги окупираше мислите и ме исцрпуваше. Не вежбав и јадењето ми беше надвор од контрола. Не го правев тоа затоа што бев гладен, туку затоа што ми стана навика. Ја изгубив способноста да препознаам кога е доста – раскажува тој.
Претходно повеќепати се обидувал да ослабе, но секогаш повторно ја враќал тежината, често добивајќи и повеќе од она што успевал да го симне. Пресвртот се случил во октомври 2023 година.
Најголем проблем за него не била самата диета, туку мислата дека ќе му бидат потребни години за да ја постигне посакуваната промена.
– Потоа целосно ја сменив перспективата: времето не чека никого. Без разлика дали ќе одлучев да се променам или не, месеците и годините ќе минуваа. Можев да останам таму каде што бев и да немам ништо од тоа време или можев да го искористам за да станам личноста што сакав да бидам – рекол Дејвид.
@djcastanedaa You don’t know it like me
На почетокот експериментирал со кето-диета и постење со вода, а потоа воспоставил поодржлив режим и преминал на класичен калориски дефицит. Во исто време почнал да оди во теретана секој ден, иако на почетокот се плашел дека другите ќе го гледаат и ќе го осудуваат.
За помалку од три години успеал да симне околу 273 фунти, односно приближно 124 килограми.
Денес, наместо некогашните огромни оброци, неговата исхрана се базира на пилешки гради, мелено говедско месо, јајца, компири и многу зеленчук. Внимателно ги следи и макронутриентите, со цел дневно да внесува околу 200 грама протеини, 250 грама јаглехидрати и 60 грама масти.
@djcastanedaa
Промената не е само физичка. Дејвид денес работи како тренер за слабеење, а вели дека стекнал самодоверба каква што никогаш немал.
Неговата трансформација стана вирална на социјалните мрежи откако објави видео во кое се гледа како изгледал порано и како изгледа денес. Снимката собра 15,6 милиони прегледи и 2,3 милиони лајкови, а коментарите се полни со луѓе кои не можат да поверуваат дека станува збор за ист човек.
Дејвид вели дека денес може да прави работи за кои порано не ни сонувал. Некогаш не можел да истрча ниту една милја, а сега пет километри ги трча за помалку од 30 минути.
– Мојата самодоверба не доаѓа од тоа како изгледам, туку од она што си докажав себеси дека можам да го направам. Порано многу време поминував замислувајќи го животот што го сакав. Сега, ако сакам нешто да направам, станувам и го правам – вели тој.
Денес Дејвид сака своето искуство да го користи за да им помогне на други луѓе кои се обидуваат да ослабат. Особено нагласува дека неговиот резултат го постигнал без лекови за слабеење.
@djcastanedaa Receipts*
– Чувствувам дека за првпат навистина живеам, наместо само да постојам – вели 22-годишниот Тексашанец.