📽️ ЛУДНИЦА НА ЦРН ПЕТОК Невидена тепачка за електронски апарати – а како поинаку, кога лаптоп се продавал за 80 долари?

Хаотични сцени во продавниците во Парагвај, каде што потрошувачите се борат за лаптопи и за други електронски уреди.

0

Тепачки, турканици и физички пресметки меѓу купувачите го одбележаа овогодишниот „Црн петок“ во парагвајскиот град Сиудад дел Есте, на границата со Бразил.

На видеоснимките што ги објавија бразилските и аргентинските медиуми се гледа како купувачите буквално се фрлаат на подот за да се дограбат до електронските уреди што се продаваат по драстично намалени цени.






Аргентинските медиуми известуваат за инцидент во кој тројца купувачи физички се пресметувале за еден клима-уред. На социјалните мрежи масовно се споделуваат снимки од хаотичните сцени во продавниците, каде што потрошувачите се борат за лаптопи и за други електронски уреди.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Trent Valleau (@trentvalleau)

За разлика од поголемиот дел од светот, Сиудад дел Есте годинава го организираше „Црниот петок“ од 19 до 22 ноември. Според податоците на бразилските царински власти, за неполни два дена повеќе од 74.000 луѓе пеш го преминале Мостот на пријателството, кој ги поврзува Бразил и Парагвај.

Сиудад дел Есте е еден од најпознатите трговски центри во Јужна Америка, особено популарен меѓу Бразилците поради ниските цени на електрониката. Слични тепачки беа регистрирани и минатата година, кога во трговскиот центар „Шопинг Чина“ лаптопи се продаваа за само 80 долари.

За трговците, пак, шопинг-лудилото е одличен бизнис. Според прелиминарните процени на локалната стопанска комора, за само четири дена годинава бил остварен промет од околу 350 милиони долари, што е за 50 милиони долари повеќе од минатата година.

Поврзани содржини