🎥 „ЛУЃЕ-КУЧИЊА“ ПРОШЕТАА НИЗ БЕРЛИН Не „лаеле“ против АФД, можеби малку ‘ржеле

Ова не бил протест против АФД, ниту собир на луѓе кои буквално тврдат дека се кучиња. Станува збор за организирана прошетка на возрасни припадници на „puppy play" супкултурата, одржана во рамките на повеќедневниот „Фолсом Европа 2026" во Берлин.

70

Стотици луѓе со маски на кучиња и фетиш-облека привлекоа внимание во центарот на Берлин во саботата, 12 септември. Станува збор за т.н. Puppy Walk, организиран во рамките на „Фолсом Европа 2026“, голем меѓународен фестивал на leather и фетиш-супкултурата, кој годинава се одржуваше во германската престолнина од 10 до 13 септември. Официјалната програма на фестивалот го најавува „Puppy Walk“ како една од активностите за посетителите.

„Puppy play“ е фетиш-супкултура меѓу возрасни во која учесниците, најчесто со карактеристични маски, имитираат дел од однесувањето на кучиња и се дружат во такви улоги. Според специјализираниот календар на овие настани, берлинската прошетка започнала во 10 часот кај фонтаната Нептунбрунен и траела до пладне. Подоцна истиот ден била организирана и групна фотографија на учесниците на сцената на „Фолсом Европа“.






Снимките од необичната поворка брзо се проширија на социјалните мрежи, но заедно со нив почна да се шири и поинаква приказна – дека повеќе од илјада луѓе кои „мислат дека се кучиња” протестирале во Берлин и барале забрана на десничарската партија АФД. За таквото тврдење нема потврда во програмата на настанот ниту во достапните информации за неговата организација. Напротив, прошетката била однапред најавен дел од програмата поврзана со „Фолсом Европа“.

Фестивалот годинава беше значително поголем од самата „Puppy Walk“. Организаторите очекуваа повеќе од 20.000 посетители од шест континенти, а централниот уличен саем се одржуваше на 11 и 12 септември во берлинската населба Шенеберг. Во програмата имаше сцени, штандови, забави и повеќе настани за различни фетиш-заедници, меѓу кои посебно место добија „puppies“ и „furries“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Describe 9ja (@describe9ja)

Поврзани содржини