ПРВ ВО СВЕТОТ • ПЕКИНГ ЗАБРАНИ ПОСЕДУВАЊЕ ДРОНОВИ Полицијата ќе ги одзема и ќе казнува
Сопствениците ќе мора да ги продадат, рециклираат или да ги изнесат од кинеската престолнина.
Пекинг уште повеќе ги заостри прописите за беспилотните летала и забрани поседување дронови!
Сопствениците ќе мора да ги продадат, рециклираат или да ги изнесат од Пекинг.
Забраната ќе стапи на сила кон средината на ноември.
Кинеската престолнина веќе забрани употреба на дронови без дозвола од властите од безбедносни причини и го ограничи за летови воздушниот простор над административниот округ. Внесувањето дронови во Пекинг однадвор, вклучително и од туристи беше забрането, како и продажбата и изнајмувањето на дронови во градот
Најновите ревидирани правила доаѓаат по фаталната несреќа кон крајот на јуни, кога мал авион се урна во облакодер во Пекинг, при што загина пилотот и беа повредени 13 лица.
Според прописите одобрени во март, кои стапија на сила на 1 мај, сопствениците на дронови во Пекинг беа обврзани со нивните вистински идентитети да ги регистрираат своите уреди во полиција и да поминат проверка на информациите. Им беше дозволено да ги чуваат дроновите под строги услови.
Со ревидираните прописи одобрени овој месец, што треба да стапат на сила на 15 ноември, поседувањето дронови во границите на Пекинг ќе биде забрането.
Властите имаат овластување да конфискуваат дронови од луѓе кои не ги почитуваат происите и да изрекуваат казни на поединци и на компании.
Властите во Пекинг ќе им понудат субвенции на сопствениците на дронови за да ги предадат своите уреди на одредени точки за враќање.