ВАРДАР ИГРА РЕВАНШ СО МТ МЕЛСУНГЕН ПРЕД ДОМАШНА ПУБЛИКА Црвено-црните ќе се борат за втора победа во европската елита
РК Вардар 1961 денеска, 28 октомври, од 18:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува германскиот МТ Мелсунген во натпреварот од шестото, последно коло од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите.
Црвено-црните ќе се борат за втора победа во европската елита, со желба сезоната да ја заокружат со триумф пред своите навивачи. Поддршката од трибините ќе биде дополнителен мотив за Вардарци да го дадат максимумот и да се обидат да му се реваншираат на германскиот тим за поразот од 33:31 на првиот меѓусебен дуел во Касел, кога Вардар до самиот крај беше во игра за позитивен резултат.
Како горд партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија е повторно со црвено-црните и во овој нивен европски предизвик.