СТРИП • ДИВЕРЗИЈА НА „ХАЛКИДИКИ ВУД“ Стојанче на Венко Те Неј му однел загадена вода од Гостивар

Во првото издание на стрипот „Венко Те Неј“, или во превод од индијански на македонски - Венко Духот со секира, се случува класична диверзија, која ги потврдува сомнежите на нашиот главен јунак дека водата во Гостивар можеби сè уште е загадена. Не е, ама Стојанче Керамида Ангелов изгледа му донел од резервите на загадена вода...

0

За помладите и за тие кои одвај се сеќаваат на „Загор“, стрипот од нашата младост, должни сме да дадеме мало упатство за полесно разбирање на ликовите во овој стрип, во кој улогата на Загор Духот со секира ја презема Венко Филипче. Лидерот на СДСМ од поодамна веќе е дух, ама не е обичен дух, туку еден борбен и опасен дух, со специјална секира со која се бие со противниците.






Главен противник на Загор е Хелинген, лудиот научник и гениј опседнат со моќ  – неговата улога, во некоја од следните епизоди, ќе ја преземе Христијан Мицкоски.

Верен придружник и сопатник на Загор е Чико. Тој е дебел, духовит и смешен. Во првото издание на „Венко Те Неј“, лесно ќе го препознаете нашиот Чико. Со неизбежната пура во устата и подбивната насмевка.

Крвен брат на Загор е Тонка, поглавица на племето Мохавк. Во нашиот стрип Тонка е исто така познат лик, газда на јахтата „Халкидики вуд“ и донмаќин, каде што се одигрува дејствието. Во стрипот „Загор“ дејствието се одигрува во шумата Дарквуд.

Ликот Стојанче Ангелов, кој има свој познат прекар – Столе Керамида – во случајов има само епизодна ролја. Битен е за приказната, како човек кој прв се напи вода од Гостиварскиот водовод, откако претходно ја прогласи за бактериолошки исправна. Но, веројатно по совет на нашиот луд и генијален Хелинген, Стојанче на јахтата „Халкидики вуд“ донел од резервите загадена вода. И видовте што се случило…

Доколку се јави потреба, во следните изданија на стрипот „Венко Те Неј“ ќе објавиме дополнителни упатства за полесна „навигација“ низ приказните.

Уживајте!

Поврзани содржини