ИАН ГИЛАН ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА, ДИП ПАРПЛ ЈА ОДЛОЖИ ТУРНЕЈАТА Пејачот испрати важна порака до обожавателите

Легендарниот пејач добил итна медицинска помош во германскиот град Лајпциг. Лекарите го предупредиле дека продолжувањето на концертите би претставувало сериозен ризик за неговото здравје.

0

Легендарниот пејач на рок-групата Дип Парпл, Иан Гилан, итно бил пренесен во болница во Лајпциг, Германија, поради здравствен проблем. По совет на лекарите, групата го одложила остатокот од европската и британската турнеја до понатамошно известување.

Гилан им се обрати на обожавателите со лична порака, заблагодарувајќи им се за поддршката.






„Драги пријатели, ви благодарам за сите ваши желби за добро здравје и поддршка во последните неколку дена. Тоа ми значеше сè“, напиша пејачот.

Тој објасни дека се надевал оти ќе може да продолжи со настапите, но лекарите го предупредиле на опасноста.

„Имав медицински проблем додека бев во Лајпциг, кој бараше итен болнички третман. Се надевав дека мојот лекар ќе ми даде дозвола да продолжам со турнејата, но ова ќе значеше многу сериозни ризици за мене“, наведе Гилан.

Одлуката за одложување на концертите била донесена по консултација со медицинскиот тим и менаџментот.

„Многу ми е жал за евентуалните непријатности што ова може да ги предизвика, но тоа е во најдобар интерес на сите. Ви благодарам за разбирањето“, порача пејачот.

Поврзани содржини