📽️ МЕЧКА ГО „ГЛЕДАШЕ“ НАТПРЕВАРОТ ОД ПРВ РЕД Фудбалерките мораа да почекаат додека неочекуваниот гостин си замине

Мечка се појави покрај теренот на женски фудбалски натпревар во Северна Каролина и ја следеше играта. Мечот беше привремено прекинат, а Ешвил победи со 2:1.

0

Необичен гостин го прекина женскиот фудбалски натпревар меѓу универзитетските екипи на Ешвил и Винтроп во американската сојузна држава Северна Каролина. Наместо навивач покрај теренот се појави мечка, која мирно се смести на земјената височинка зад еден од головите и, барем според снимката, изгледаше како да ја следи играта.

Настанот се случил во средата навечер на стадионот „Гринвуд Филд“ во Ешвил, во последните 15 минути од првото полувреме. По појавата на мечките, натпреварот бил привремено прекинат од безбедносни причини, додека животните не се оддалечиле од теренот.






На видеоснимката од необичната сцена се гледа една од мечките како мирно седи на височинката зад голот, речиси како да го избрала најдоброто место за гледање на натпреварот. Животните не влегле на фудбалскиот терен, но нивното присуство било доволна причина за прекин на играта.

Спортската директорка на универзитетот, Џенет Кон, изјавила дека изгледало како мечката едноставно да сака да го гледа натпреварот.

Откако неочекуваните гости се оддалечиле, фудбалерките се вратиле на теренот и натпреварот продолжил. Првото полувреме завршило без голови, но во вториот дел домашната екипа на Ешвил успеала да победи со 2:1.

Така, покрај фудбалерките и резултатот, натпреварот ќе остане запаметен и по необичниот посетител кој за кратко го украде вниманието на сите присутни.

 

Поврзани содржини