ВО ПРОДАЖБА БИЛЕТИТЕ ЗА НАТПРЕВАРОТ МАКЕДОНИЈА-СЛОВЕНИЈА Исклучиво преку официјалната страница на ФФМ

За овој натпревар од 6. коло во Лига на Нации / група Б, цената на билетот ќе изнесува 500 денари.

1

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги информира навивачите и љубителите на фудбалот дека продажбата на влезниците за натпреварот Македонија – Словенија, кој ќе се одигра на 16 ноември (понеделник) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, ќе започне на 2 ноември (понеделник).

За овој натпревар од 6. коло во Лига на Нации / група Б, цената на билетот ќе изнесува 500 денари. Влезниците ќе можат да се набават исклучиво преку официјалната платформа за електронска продажба на билети на ФФМ: eticket.ffm.mk.






Ова е воедно последниот натпревар од групата, а претходно македонскиот национален тим ќе гостува на 13 ноември во Шкотска.

Поврзани содржини