ПОДГОТВЕНИ СМЕ ЗА ВОЈНА СО ЕВРОПА Путин ја испрати својата досега најдраматична порака

Рускиот претседател изјави дека лидерите на Европската Унија не успеале да ѝ нанесат стратешки пораз на Русија и дека е малку веројатно тоа да се случи до 2030 година. Предупреди дека евентуална војна меѓу Русија и Европа нема да има победници.

0

Рускиот претседател Владимир Путин упати ново предупредување во врска со односите меѓу Москва и европските земји, оценувајќи дека евентуален воен судир меѓу Русија и Европа нема да има победник. Тој порача дека, доколку ситуацијата ескалира предалеку, последиците ќе бидат такви што никој нема да може да се смета за победник.

Путин ова го изјави пред новинарите по завршувањето на самитот „Русија – Африка“, кој се одржа во Москва на 28 и 29 октомври.






– Ако работите отидат предалеку, воопшто нема да има победници. Никој нека не го заборави тоа – рече рускиот претседател.

Тој истовремено оцени дека лидерите на Европската Унија досега не успеале да ја остварат целта за нанесување стратешки пораз на Русија, изразувајќи сомнеж дека тоа ќе им успее и до 2030 година.

Изјавата доаѓа во период на зголемени тензии меѓу Русија и европските земји, особено поради војната во Украина и сè почестите предупредувања во Европа за потребата од зајакнување на одбранбените капацитети и подготовка за можни безбедносни закани во наредните години.

На прес-конференцијата по самитот, Путин повторно ја отвори темата за односите меѓу Москва и Западот, испраќајќи порака дека евентуалната ескалација на конфликтот може да има катастрофални последици за сите страни.

Руското раководство во повеќе наврати ги отфрла обвинувањата дека има намера да започне војна со европските земји, додека европските лидери предупредуваат дека мора да бидат подготвени за различни безбедносни сценарија.

Поврзани содржини