ВРАБОТЕНИ ВО БОЛНИЦАТА САНТЕ ПЛУС ПОД ЛУПА НА ПОЛИЦИЈАТА Сомнежи за незаконски постапки при операции на очи
Под истрага, според првичните информации, се одговорни лица од приватната болница Санте плус и вработени во Фондот за здравствено осигурување, кои се осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, измама и перење пари.
Првопријавен во денешната акција на полицијата е Ден Дончев, поранешен директор на Фондот за здравство на Македонија во време на Владата на СДСМ.
Под истрага, според првичните информации, се одговорни лица од приватната болница Санте плус и вработени во Фондот за здравствено осигурување, кои се осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, измама и перење пари. Сомневањата, меѓу другото, се однесуваат и на наводни незаконски постапки поврзани со операции на очите.
Меѓу пријавените се Ридван Асани, поранешен претседател на управен одбор на ФЗО, Весна Ќамилова, поранешен управител на приватната болница Санте плус, Салих Бозгурт, поранешен сопственик и овластено лице во болницата, Селма Амет, сегашен управител, Гериана Арапи, поранешна директорка на болницата, Цветен Серафимовски, поранешен раководител на Сектор за контрола во ФЗО, Жаклина Стаменкова, поранешен директор на ФЗО подрачна единица Скопје, Ирена Поповска, сегашен раководител на подрачна единица Скопје.
Според неофицијалните информации, штетата што ја направиле врз буџетот надминува 1,5 милиони евра, а противправно стекнатата материјална корист за болницата Санте плус се проценува на околу 4 милиони евра. Оштетени се и поголем број пациенти кои се лекувале во болницата.
Полицијата утрово спроведе претреси на повеќе од 10 локации во Скопје, Тетово и во Куманово.