СВЕТ ИБИС, АФРИКАНСКА МАЧКА, БУВ, РАКУН И БЕРБЕРСКА ОВЦА Нови животни во битолската Зоолошка градина
Новите жители на Зоолопката градина во Битола се донација од ЗОО Белград.
Зоолошката градина во Битола од денеска има 5 нови животни, донација од Зоолошката градина во Белград, установа со која ЗОО Битола соработува повеќе децении.
Од Градината информираа дека тамошното зоо-семејство е збогатено со егзотичната птица свет ибис, африканска мачка сервал, був, берберска овца од карпестите предели и американски ракун.
„Сите нови жители успешно го поминаа патот, сместени се во нивните нови живеалишта и се под будното око на нашиот ветеринарен тим. Меѓуинституционалната соработка и размена се клучни за унапредување на условите, збогатување на нашиот фонд и за едукација на посетителите. Му се заблагодаруваме на тимот од Зоо Белград за прекрасната соработка“, информираа од битолската градина.
Зоолошката градина има повеќе од 400 животни од 30 различни видови.