СТРУГА ГО ТУРНА ВАРДАР, ТИКВЕШ ГО ПРЕСТИГНА Неизлегувањето во Европа би било лошо за шампионот

Струга Трим Лум го победи Вардар со 1:0 во Скопје и му избега пет бода на табелата. Шкендија од Тетово го задржа првото место со шест бода предност пред актуелниот шампион.

0

Вардар падна на четвртото место на табелата во Првата македонска фудбалска лига по 12. коло, откако загуби со 0:1 од Струга Трим Лум на теренот на ФФМ во Скопје.

По вториот последователен домашен пораз, сметајќи го и куп-натпреварот против Тиквеш, шампионот заостанува шест бода зад лидерот Шкендија од Тетово и пет зад второпласираната Струга.






Тиквеш сега е трет со 21 бод, колку што има и Вардар, но е пред скопскиот клуб на табелата.

Следуваат Силекс со 17, Шкендија од Арачиново со 15 и Брегалница со 13 бода. На дното се Арсими и Башкими со по 10, додека последнопласираното Скопје има само три бода и сè уште нема победа.

Табела по 12. коло:

Место Клуб Бодови
1. Шкендија (Т) 27
2. Струга Трим Лум 26
3. Тиквеш 21
4. Вардар 21
5. Силекс 17
6. Шкендија (А) 15
7. Брегалница 13
8. Арсими 10
9. Башкими 10
10. Скопје 3
Поврзани содржини