ДУА ЛИПА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИИ ОД ПРОСЛАВАТА НА ХАЛОВИН Пејачката во целосно проѕирен фустан и издание кое го смислила во последен миг

Дуа Липа покажа како го прославила Халовин, а нејзиното смело модно издание веднаш привлече внимание. Пејачката за вечерното излегување со сопругот, актерот Калум Тарнер, избрала црн, речиси целосно проѕирен фустан, а целосниот изглед го смислила пет минути пред излегување.

1

На фотографиите што ги објави на Инстаграм, Дуа Липа позира во црн фустан со чипкани детали и корсетен горен дел. Под него носи црна долна облека, а преку фустанот префрлила долг, впечатлив капут од вештачко крзно. Изгледот го надополнила со ѓердан со голем црн крст, темен кармин и пуштена коса.

Иако станува збор за костим за Халовин, нејзиниот избор се вклопува во неколку актуелни модни трендови – проѕирни материјали, чипка, долна облека како дел од стајлингот и готска романтика. Според модните профили на социјалните мрежи, фустанот е од колекцијата есен/зима 2026 на брендот „Лу де Бетоли“, додека ѓерданот со крст е винтиџ парче на „Гучи“ од колекцијата есен/зима 2002 година.






За разлика од сопругата, Калум Тарнер избрал поедноставна комбинација во неутрални тонови, но со впечатлив детаљ – маска на кловн инспирирана од видеоиграта „Payday“. Двојката вечерта ја поминала со пријатели, а пред да заминат на забавата уживале во заедничка вечера и пијалак.

– Кога костимот за Халовин ќе го составиш пет минути пред да излезеш од дома – напиша Дуа покрај фотографиите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

Нивното заедничко појавување доаѓа во период кога сè погласни се шпекулациите дека Тарнер би можел да стане новиот Џејмс Бонд. Според пишувањата на британските медиуми, актерот е меѓу кандидатите за улогата на агентот 007, кого последен го играше Даниел Крег.

Дуа Липа и Калум Тарнер се заедно од почетокот на 2024 година. Пејачката ја потврди свршувачката во јуни 2025 година, а се венчаа на 31 мај 2026 година на интимна церемонија во Лондон. Неколку дена подоцна организираа и раскошна свадбена прослава на Сицилија.

Поврзани содржини