ИЛИ СЀ ИЛИ НИШТО По гласините за тајна венчавка, Суки Вотерхаус откри дека планира огромна свадба со Роберт Патинсон
Се шпекулираше дека веќе тајно се венчале, но пејачката и актерка потврди дека свадбата сè уште не се случила. Ако решат да направат свадбена прослава, таа ќе биде огромна, а не интимна.
Суки Вотерхаус откри дека со Роберт Патинсон сè уште не стапиле во брак, иако со месеци се шират гласини дека двојката тајно се венчала. Во интервју за „Сандеј тајмс“, 34-годишната пејачка и актерка зборуваше за нивните планови и навести дека, кога ќе дојде време за свадба, нема да прават мала прослава.
– Или сè или ништо. Ако решиме да го направиме тоа, ќе организираме огромна забава, ќе направиме вистински спектакл – изјавила Вотерхаус.
Сепак, свадбата засега не е на повидок. Плановите се ставени на чекање најмалку до крајот на годината, бидејќи и двајцата имаат исполнети работни распореди, а семејството сè уште нема постојан дом.
Вотерхаус и 40-годишниот Патинсон се заедно од 2018 година, а се свршија во 2023 година. Во март 2024 година ја добија ќерката, чие име досега не го објавиле јавно. Пејачката вели дека и покрај нивниот необичен начин на живот и честите патувања, таа и Роберт се чувствуваат сигурни во улогата на родители.
– Чувствувам дека сме одлични родители. Имаме малку необичен живот, но задоволна сум од тоа како се снаоѓаме. И двајцата сме многу поврзани со неа. Таа е прекрасно, среќно девојче – рекла таа.
Гласините за тајна венчавка се засилија во јануари 2025 година, кога актерката Шерон Стоун го нарече Патинсон „сопругот“ на Вотерхаус. Подоцна, самиот актер повторно ги поттикна шпекулациите со мистериозен одговор во интервју со Зендаја, кога на прашањето за најголемата тајна што ја чувал ѝ рече: Истата што ја имаш и ти.
Тој алудираше на гласините за тајната венчавка на Зендаја и Том Холанд, но не откри ништо повеќе.