УАПСЕНИ ТРИ ЛИЦА ЗА УБИСТВАТА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Жртвите биле убиени, па ограбени

62-годишен маж и 76-годишна жена во рок од 5 дена се најдени мртви во нивните домови со траги на насилство. Полицијата спроведува истрага за двата случаја и неофицијално уапси три лица поврзани со убиствата. .

0

Министерството за внатрешни работи (МВР) уапси три лица за убиствата во Ѓорче Петров, неофицијално објави Пресс24.

Како што наведува порталот, мотивите за убиствата најверојатно се пари, а жртвите прво биле убиени, па ограбени.






Вчера утро во Ѓорче Петров беше пронајдено безживотно тело на 76-годишна жена. Телото со видливи траги од насилство го пронашла нејзината ќерка која веднаш пријавила во полиција. Според соседите, жената три години живеела сама, а последен пат била видена завчера. Во текот на ноќта, пред да биде пронајдена мртва, соседите не забележале ништо невообичаено.

Ова е второ убиство во Ѓорче Петров во последните 5 дена. Минатата недела МВР информираше дека 62-годишен маж со траги на насилство е пронајден во сопствениот дом.

Поврзани содржини