ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВРЗ ПОЛИЦАЕЦ ШТО ЈА ЧУВАЛ ИЗРАЕЛСКАТА АМБАСАДА ВО БЕЛГРАД Тинејџерот кој го нападнал со 2 ножа е убиен

Напаѓачот кој е малолетник и чиј идентитет сѐ уште не е утврден, го нападнал полицаецот со два ножа извикувајќи „Алаху акбар“.

3

Во Белград ноќеска бил извршен терористички напад врз припадник на полицијата кој ја обезбедувал израелската амбасада, а српските власти го подигнаа нивото на безбедносна закана од тероризам на највисоко ниво, изјави српскиот министер за внатрешни работи во технички мандат Ивица Дачиќ.

Според Дачиќ, напаѓачот кој е малолетник и чиј идентитет сѐ уште не е утврден, го нападнал полицаецот со два ножа извикувајќи „Алаху акбар“.






Пoлицаецот го убил напаѓачот во самоодбрана, при што и самиот е повреден.

Дачиќ објасни дека безбедносната закана е подигната на највисоко, црвено ниво, и дека полицијата ќе го зголеми надзорот и присуството на локации од посебно безбедносно значење, вклучувајќи инфраструктурни објекти и места за собирање на голем број граѓани.

Дачиќ рече дека безбедносните служби го следеле напаѓачот и дека, според достапните информации, тој бил поддржувач на Исламска држава. На својот Инстаграм профил тој имал црно знаме и симболот на таа организација.

Дачиќ и директорот на полицијата, генералот Драган Васиљевиќ, го посетиле повредениот полицаец во болница. Тој е во добра состојба и се очекува денеска да биде пуштен на домашно лекување.

Поврзани содржини