Зошто мажот е љубоморен на момчето што одржува базени?

54

Маж и жена во брачно советувалиште.

– Мојот сопруг е страшно љубоморен на момчето што одржува базени. Откако го ангажиравме, животот ни стана пекол – се жали жената.






– Вистина ли е ова? – го прашува брачната советничка мажот.

– Да, вистина е. Само…

– Ама тоа не е во ред. Тоа е незрело однесување. Вие и вашата сопруга треба да имате доверба еден во друг – го кара советничката.

– Ама имаме ние доверба, госпоѓо, ама немаме базен – вели мажот.

Поврзани содржини