ВЛАДАТА ПРОГЛАСИ 30-ДНЕВНА КРИЗНА СОСТОЈБА ВО ГОСТИВАР Локалната власт не може да се справи со состојбата со водата

Целта на одлуката е побрза координација на институциите, како и ставање на водоснабдителниот систем во функција и обезбедување вода за пиење во најкраток можен рок, соопшти Владата.

163

Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба во општината Гостивар во траење од 30 дена.

„Со оглед дека локалната самоуправа не може да се справи со настаната состојба во општината Гостивар, Владата донесе ваква одлука за прогласување на кризна состојба, со цел побрза координација на институциите, како и ставање на водоснабдителниот систем во функција и обезбедување вода за пиење во најкраток можен рок. Здравјето на граѓаните на Гостивар останува фокус на Владата и посветени сме кон целосно решавање на овој проблем“, соопшти Владата.






Дополнително, очекуваме ЈО да спроведе детална истрага и да го расчисти случајот, се додава во соопштението.

„Одговорност мора да има за секој еден што го ставил во ризик здравјето и животите на гостиварчани“, соопшти Владата.

Одлуката е донесена на денешната 195 седница, на предлог на Управувачкиот комитет во состав на министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за здравство Сашо Клековски, министерот за транспорт Александар Николоски и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, како и надворешните членови министерот за животна средина Муамет Хоџа, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски, директорот на СОЗР Ивица Томовски, директорот на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, директорот на АХВ Оливер Миланов, директор на Инспекторат за животна средина Ивана Гиновска и претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски.

Поврзани содржини