ЦЕНАТА НА ГАСОТ НА ЧЕТИРИМЕСЕЧЕН МАКСИМУМ Цената според холандскиот TTF се приближи на 60 евра за мегават час
Цените на природниот гас во Европа се искачија на највисоко ниво во последните четири месеци откако обновените конфликти во областа на Ормутскиот теснец предизвикаа загриженост за безбедноста на транспортот на енергија преку еден од најважните поморски патишта во светот.
Референтната цена на европскиот природен гас, позната како холандски TTF, денеска се задржа на 59 евра за мегават- час откако вчера накратко надмина 60 евра за мегават-час.
Пред да се постигне примирје во јуни, цената на гасот генерално остана под 50 евра за мегават-час. Во споредба со претходниот месец, сегашните цени се околу 50% повисоки.
Аналитичарите предупредуваат дека зголемувањето на цените го одразува стравот од дополнително намалување на испораките поради пониските европски залихи, но и зголемената побарувачка во Азија поради високите летни температури и поголемата потреба од уреди за ладење.
Дополнителна неизвесност предизвикуваат заканите од Соединетите Американски Држави и Иран за можното воведување такси за премин на бродови низ Ормутскиот теснец.