„МАСТЕРБЕТ“ ПРОДОЛЖУВА СО ПОДДРШКАТА НА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ „8 СЕПТЕМВРИ“ Настапија 42 екипи од цела Македонија
„Мастербет“ преку поддршката на традиционалниот турнир „8 Септември“ ја потврдува својата посветеност кон општествено одговорно делување и придонесот кон заедницата, со посебен фокус на поддршката на спортот и промовирањето активни животни навики.
Со финалниот натпревар и доделувањето на наградите за најдобрите екипи, викендов успешно заврши 19-тото издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „8 Септември“. И годинава, генерален спонзор на турнирот беше „Мастербет“, која со својата поддршка придонесе за успешната реализација на спортскиот настан.
„Мастербет“ повеќе од една деценија континуирано го поддржува турнирот „8 Септември“, а и оваа година ја потврди својата посветеност со преземањето на улогата на генерален спонзор, во соработка со Здружението на граѓани „Солидарност – М“.
Турнирот беше отворен на 10 август на спортското игралиште во Маџари, каде што се одиграа и завршните натпревари. Во текот на турнирот настапија 42 екипи од цела Македонија, со повеќе стотици учесници, што уште еднаш го потврди значењето на овој спортски настан за локалната заедница и љубителите на мал фудбал.
Посветеноста на компанијата кон развојот и поддршката на локалниот спорт е потврдена и преку учеството на сопствен тим на турнирот.
– Особено сме задоволни што и оваа година продолживме да го поддржуваме турнирот ‘8 Септември’ и да бидеме негов генерален спонзор. Станува збор за настан кој со години ги обединува спортот, дружењето и заедницата и кој прерасна во препознатлива традиција. Веруваме дека вложувањето во спортот и во иницијативите кои ги поврзуваат граѓаните е важен дел од нашата општествена одговорност. Ќе продолжиме и во иднина да ги поддржуваме спортските настани, хуманитарните акции и другите активности кои придонесуваат за подобра и поактивна заедница – велат од „Мастербет“.
„Мастербет“ преку поддршката на традиционалниот турнир „8 Септември“ ја потврдува својата посветеност кон општествено одговорно делување и придонесот кон заедницата, со посебен фокус на поддршката на спортот и промовирањето активни животни навики.
Турнирот „8 Септември“ се организира по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија и годинава се одржа по 19-ти пат.