МУРИЊО СЕ УМОРИ ОД НОВИНАРИТЕ, САМ ГИ СПОМНА ПЕНАЛИТЕ „Некои бараат 10 години, јас 3 месеци“

Тренерот на Реал Мадрид вели дека нема магична формула за брз напредок, се пожали на 6 прес-конференции за една недела, а пресот го заврши со саркастична забелешка за Барселона и Атлетико.

0

Жозе Мурињо бара 3 месеци за Реал Мадрид да покаже напредок, додека, како што рече, „други бараат 10 години“. Португалецот веднаш појасни дека не ветува магична трансформација за толку краток период, туку очекува неговиот тим постепено да станува подобар.

Тренерот на Реал Мадрид зборуваше на прес-конференцијата пџред натпреварот со Елче во Ла Лига.






– Барам 3 месеци, други бараат 10 години… Можеби не се изразив баш правилно. Она што го мислам е дека сакам да бидеме подобри за три месеци отколку што сме сега, но немам магична формула што ќе ни овозможи да достигнеме неверојатно ниво за три месеци – рече Мурињо.

Според него, напредокот треба да доаѓа со секој тренинг и натпревар. Колку подолго фудбалерите играат заедно и работат со тренерот, толку се поголеми шансите тимот да стане посилен.

Но, Мурињо не беше уморен само од густиот натпреварувачки распоред. Реал од викенд до викенд ќе одигра 3 натпревари, што за тренерот значи и 6 средби со новинарите пред и по натпреварите.

– Шест прес-конференции неделно. Уморен сум од вас, вие сте уморни од мене, но тоа е наша работа. Во други земји би ми било дозволено да прескокнам една – рече Мурињо.

Тој додаде дека уморот го чувствуваат и фудбалерите, но дека тимот мора да продолжи со истиот ритам. Реал и Елче последниот првенствен натпревар го одиграле во саботата, па Мурињо посочи дека двата тима имале еднакво време за подготовка.

На крајот, кога портпаролот на Реал ја завршил прес-конференцијата, Мурињо самиот отворил тема што новинарите не ја начнале.

– Нема да ме прашате ништо за пеналите? Чудно, нели? – прашал Мурињо, алудирајќи на спорните пенали што викендот ги добиле Барселона и Атлетико.

По 5 кола во Ла Лига, Реал Мадрид е втор со 12 бода, додека Барселона е лидер со максимални 15.

Поврзани содржини