📽️ ДАЛИ ЈА ЗНАЕТЕ ПРИКАЗНАТА ЗА НАЈДОБРИОТ РЕСТОРАН ВО ЛОНДОН КОЈ НИКОГАШ НЕ ПОСТОЕЛ? Како непостоечкиот „The Shed at Dulwich“ се најде на врвот на листата на „Трипадвајзор“

Британскиот новинар Оуба Батлер со измислен ресторан успеал да го освои првото место на „Tripadvisor“, а потоа направил кариера со необични експерименти и документарци.

1

Во 2017 година, британскиот новинар и автор Оуба Батлер решил да провери колку навистина може да им се верува на оценките на туристичката платформа „Tripadvisor“. Наместо да отвори ресторан, тој направил нешто многу поедноставно – ја претворил бараката во градината од својот дом во Лондон во измислено угостителско место.

Речиси девет години по необичниот експеримент, Оуба Батлер и понатаму го привлекува вниманието со необични истражувачки проекти.






Годинава, тој се занимаваше со проблемите на британскиот пазар на недвижности во својот нов проект „How to Trick Your Way onto the Property Ladder“, во кој се обидува да им помогне на млади луѓе да дојдат до сопствен дом.

Токму неговиот најнов проект е повод да се потсетиме на приказната за „The Shed at Dulwich“ – непостоечкиот ресторан кој во 2017 година успеа да се искачи на врвот на „Tripadvisor“ во Лондон.

Измислениот ресторан го нарекол „The Shed at Dulwich“, му создал веб-страница, мени и фотографии од јадења. Проблемот бил што јадењата воопшто не биле вистински. Батлер користел предмети и производи од домаќинството за да направи фотографии што изгледале како гурмански специјалитети. На една од нив дури го фотографирал сопственото стапало.

Неговото измислено мени било засновано на расположенија, па гостите наводно можеле да нарачаат јадење според тоа како се чувствуваат. Но, вистинскиот рецепт за успех бил во нешто друго – лажните позитивни критики. Батлер, кој претходно заработувал по 10 фунти за пишување лажни рецензии за ресторани, со помош на пријатели почнал да објавува пофалби за „The Shed at Dulwich“.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини