ПОНИСКОТО ДДВ ЈА НАМАЛИ ЦЕНАТА НА ДИЗЕЛОТ НА 99 ДЕНАРИ Мицкоски оцени дека со новата цена дневната заштеда на граѓаните изнесува 250.000 евра

Литар масло за горење ќе се продава по цена од 109,50 денари, а мазутот за 48,243 денари по килограм.

1

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ја утврди новата цена на горивата која ќе важи од полноќ.

Според одлуката, бензините поскапуваат по 3,5 денари за литар и ќе се продаваат по 100.50 за „еуросупер -95 и 102 денари за „еуросупер- 98.

По намалувањето на  ДДВ-то од 18 на 10% цената на дизелот се намалува за два денара и ќе изнесува 99 денари.

Литар масло за горење ќе се продава по цена од 109,50 денари, а мазутот за 48,243 денари по килограм.

Владата вчера донесе одлука за намалување на ДДВ-то на 10% за гривата, а премиерот  Христијан Мицкоски денеска оцени дека доколку не се намалеше данокот за горивата  цената на дизелот  би бил повисока за 11-11,5 денари повисока од денешната.

– Само по основ на дизел горивото, дневната заштеда на македонските граѓани е повеќе од 250.000 евра. Или ако се земе предвид отприлика две недели и доколку се земе предвид веќе намалената царина, односно акциза за безоловниот 95 и 98 октански, тогаш доаѓаме до бројка помеѓу 4,2 и 4,5 милиони евра, тоа е директна заштеда којашто ја имаат македонските граѓани- рече Мицкоски.

Според него, индиректната заштеда се проектира во ниската ставка на инфлација.

-Ние веќе два месеци, јули и август во пикот на најголемата светска енергетска криза што ја памети човештвото, имаме би рекол една од најниските ставки на инфлација, многу подолу од Европската Унија. Во регионот сме меѓу најниските, само нашиот северен сосед Србија има за некоја 0,3-0,2% пониска ставка на инфлација – рече Мицкоски.

Тој додаде дека Македонија и сега има  најниска цена на дизелот и на бензините. горивото и на безоловниот 95 и 98 октански бензин и

-Ако се спореди со цената којашто ја имаат нашите соседи, па и во Европа, тогаш разликата е помеѓу 20 и 50%. Тоа значи дека оваа Влада води сметка во рамките на своите можности и повеќе од што може за да го заштити стандардот на граѓаните – рече Мицкоски.






Поврзани содржини