НОВА ЗАКАНА ЗА ДЕЦАТА НА ИНТЕРНЕТ Како вештачката интелигенција отвора нови можности за злоупотреба?

Со помош на вештачката интелигенција, обична фотографија може да се претвори во лажна, сексуализирана содржина, која потоа се користи за понижување, закани и уцени. Последиците за жртвите се реални, дури и кога прикажаниот настан никогаш не се случил.

0

Вештачката интелигенција сè повеќе го олеснува секојдневието, но има и своја мрачна страна. Интернетот станува уште поопасно место, особено за децата и младите, кои се соочуваат со нови облици на дигитално насилство.

Со помош на алатките за вештачка интелигенција, фотографиите на деца можат да се изменат и да се претворат во содржина што тие никогаш не ја создале ниту сакале да ја објават. Фотографијата дури не мора да биде јавно достапна на социјалните мрежи – доволно е некој да ја добил во доверба.






Една фотографија може да стане средство за уцена

За создавање ваква содржина веќе не е потребно напредно техничко знаење. Со неколку едноставни чекори, постојна фотографија може да се претвори во лажна сексуализирана слика или видео.

Таквата содржина може да се користи за врсничко насилство, исмевање, заплашување и уцена. Возрасните сторители, на пример, можат да се закануваат дека ќе објават компромитирачки материјал доколку детето не испрати дополнителни фотографии, не плати пари или не направи нешто против своја волја.

Во вакви случаи, не е пресудно дали фотографијата е вистинска. Доволно е да изгледа уверливо за да предизвика страв, срам и чувство на беспомошност кај жртвата.

Лажната содржина остава вистински последици

Вештачката интелигенција создава нов проблем и за родителите и за институциите. Децата може да се плашат дека никој нема да им поверува, додека возрасните мора да утврдат дали содржината е автентична и како да го заштитат детето.

Дополнителна опасност е брзото ширење на материјалите. Дури и кога некоја фотографија ќе биде отстранета, некој можеби веќе ја зачувал, направил снимка од екранот или ја испратил на други лица.

Насилството не завршува кога детето ќе ја напушти училишната клупа или ќе се врати дома. Заканите, пораките и вознемирувачките содржини можат да стигнат во секое време.

Што треба да направи детето ако е жртва на онлајн насилство и повеќе на оваа тема прочитајте на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини