🎥 ИЛОН МАСК ОБЈАВИ СВОЈА ВЕРЗИЈА НА „ОДИСЕЈА“ Филмот е комплетно генериран од вештачка интелигенција

Објавената видеоснимка „Грок“ ја претстави како прва епизода од најавениот серијал „Одисеја“.

84

Чет-ботот „Грок“ во сопственост на Илон Маск ги објави првите 7 минути од филмската верзија на „Одисеја“ создадена со помош на вештачка интелигенција.

Филмот е реализиран во соработка со компанијата „Вондер студиос“ и режисерот Дејв Вокер.






Објавената видеоснимка „Грок“ ја претстави како прва епизода од најавениот серијал „Одисеја“.

Маск претходно ја критикуваше неодамна објавената филмска адаптација на „Одисеја“ во режија на Кристофер Нолан, меѓу другото, поради изборот на актери, а најави и создавање сопствена верзија за која тврдеше дека ќе биде поверна на епот на Хомер.

На одредени места снимката изгледа доволно реалистично за гледачот да помисли дека навистина гледа филм со актери на море. Сепак, според дел од критичарите, видеото не успева да ги долови уметничката вредност и емоционалната длабочина на ликовите, ниту да создаде интерес како филмовите снимени со актери во реален амбиент.

Поврзани содржини