СДСМ Е ОСНОВОПОЛОЖНИК НА СРПСКИОТ, РУСКИОТ И НА КИНЕСКИОТ СВЕТ ВО МАКЕДОНИЈА На ВМРО-ДПМНЕ ѝ се прели чашата од обвинувањата од СДСМ

Нам ни е јасно дека СДСМ се спремни да ги искористат сите нечовечки механизми за да пробаат да го нарушат угледот и честа на претседателот Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ, но, ова веќе ја прели чашата, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролката и член на ИО на СДСМ, Богданка Кузеска, која, меѓу другото, рече дека Александар Вучиќ му е ментор на Мицкоски.

38

СДСМ го изгуби компасот, веќе не знаат каде тераат – навреди, закани и ширење говор на омраза е нивното однесување кон јавноста, кон медиумите, кон ВМРО-ДПМНЕ и кон Христијан Мицкоски, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролката и член на ИО на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа реќе дека падот на Александар Вучиќ во Србија ќе донесе разврска на сите криминални соработки со премиерот Христијан Мицкоски.






„Нам ни е јасно дека СДСМ се спремни да ги искористат сите нечовечки механизми за да пробаат да го нарушат угледот и честа на претседателот Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ. Но, ова веќе ја прели чашата. Со кое лице Кузеска и СДСМ обвинуваат за некаков криминал, кога тие и нивниот врховен лидер Зоран Заев, аболициран криминалец со тапија, и неговиот другар Венко Филипче, несуден криминалец, говорат за српски свет, кога тие со Заев и Филипче се основоположници на српскиот, рускиот и кинескиот свет во Македонија? Ги носеа бизнисмените како Онишченко, Марковски и Дака да им вршат криминални услуги и да ги крадат парите од државниот буџет“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Лицемерие на највисоко ниво, реагира партијата.

„Фирмите со нелегална марихуана блиски до Зоран и Вице Заеви, нека кажат како поминаа тони дрога од државата? Зошто беа пронајдени над 40 тони дрога токму кај фирмите блиски до Заеви?Нека кажат Филипче и Заев како менуваа ДУП-ови во Дојран за нивните браќа да градат фотоволтаични централи? Еден криминалец со тапија, другиот криминалец без тапија! Менуваа Кривичен законик за да не одговараат и да се ослободат од сите матни зделки што ги правеа Истото што го правеше Вучиќ го правеа и тие! Му се поклонуваа, му се извинуваа и го величаа додека беа на власт, а сега преку 1.000 прес-конференции нема да можат да се исперат“, се вели во реакцијата.

Слават победи на други партии во други држави, нивните сестрински партии имаат незначителни резултати, а СДСМ во Македонија е трета, четврта или петта партија, додава ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо да си го гледаат сопствениот двор и да стават прст на чело зошто рејтингот им стагнира, тие се занимаваат со глупости. Ќе победат ли и вечер на изборите во Израел“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Кузеска денеска рече дека Вучиќ му е ментор на Мицкоски и дека доаѓа време за размонтирање на балканскиот криминален октопод и одговорност. Рече дека допрва ќе почнат истрагите во Србија а тоа ќе довело и до линковите во Македонија.

Се пофали и дека СДСМ била единствената, неконтролирана опозиција.

Поврзани содржини