МИЦКОСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА СРДАНОВИЌ ЗА ПОБЕДАТА Премиерот очекува продолжување на добрите односи со Србија

Македонскиот премиер соопшти дека телефонски разговарал со носителот на „Студентската листа“ во Србија, кому му честитал за изборниот резултат и му посакал успех во периодот што следува.

0

Премиерот Христијан Мицкоски остварил телефонски разговор со Илија Срдановиќ, носител на „Студентската листа“ во Србија, кому му честитал за изборниот резултат и победата, очекувајќи продолжување на добрите меѓудржавни односи и соработката меѓу двете земји.

Мицкоски информацијата ја објави на својот профил на „Фејсбук“, посочувајќи дека на Срдановиќ му посакал успех во периодот што следува.






„Денес телефонски разговарав со проф. д-р Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија.
Му честитав за постигнатиот изборен резултат и победа, и му посакав успех во периодот што следува.
Верувам дека добрите меѓудржавни односи, меѓусебното почитување и соработката ќе продолжат да се развиваат во интерес на граѓаните на двете држави“, напиша Мицкоски.

Пораката на македонскиот премиер доаѓа во контекст на политичките случувања во Србија и резултатот што го остварила „Студентската листа“. Со честитката, Мицкоски испрати порака за продолжување на соработката меѓу Скопје и Белград, заснована врз меѓусебно почитување и заеднички интереси.

Поврзани содржини