Херои(ни)те на политикантското подземје

И како воопшто еден инфантилен лик, инаку под кривичен прогон во Македонија заради сообраќајна катастрофа со смртни последици, преку ноќ кај дел од јавноста стана – хероина? И само за неа се говори во контекстот на скандалозното „преминување“ на македонско-бугарската граница, а не – реално – и за „помошта“ што можела да ја добие токму од оној кој сега глуми недоветен? И никој помеѓу локалниве „стручњаци“ не прашува како таа ја поминала (и) бугарската граница ако не со помош на бугарските власти кои исто така глумат паднати од Плутон?

16

Просто е фрапантна, необјаснива до неверојатност локалнава тенденција за отворено непријателство што се граничи со омраза, за патолошко негирање до зла конфликтност на сѐ кај другиот, оној различниот – идеолошки, политички, културно…, особено ако тој друг, во даден општествен миг, добива поголема поддршка од граѓанинот и покажува поцврста определба за одбрана на државните интереси во конкретни ситуации. Политичката, па и човечката завист и љубомора кон другата „страна“ во такви случаи се можеби (донекаде) и разбирливи, но не и поривот за огномет од навреди до тотална логореична „војна“, за уништување по секоја цена дури и на нешта што можат да значат придобивка за целото општество. Ако има такви, се разбира. Но мразителите не прифаќаат ништо друго освен – нивното!

Затоа, впрочем, и создавањето хистерија за и околу сѐ што може само и да наликува на некаков плус за личната „кауза“, врескање за поименичен линч за ситуации во коишто во далеку поизразени димензии кумувале токму тие, тиради за некаква и нечија одговорност која што, споредена со нивната историска неодговорност, е дури комична.






Сето тоа во извесна доза стреми кон создавање конфузија во македонското општество, цели кон атмосфера на недоверба и хаос полезни единствено за други инволвирани страни и сведочи за неединство во државата и ослабнување на ударните капацитети пред меѓународниот фактор. Се разбира дека правото на политичка критика и несогласување се дел од политичката сцена во секое цивилизирано општество – ако и за нас воопшто важи таа придавка! – но ние цели две години се судруваме со беспоштедна и најчесто срамна и отворено непријателска гебелсовска пропаганда каде стопати повторената лага мисли дека станала вистина. Во тој општествено-политикантски хаос веќе не се бираат ни зборови ниту степен на демонстрирано меѓупартиско непријателство, уште помалку се води сметка за „материјалот“ што се става пред нозете на, на пример, спротивставената страна во процесот на македонските евроинтеграции.

Или, ако сакате, како она смешно човече кое глуми некаков бугарски амбасадор кај нас, но и целата бугарска јавност, одеднаш се фатија за онаа небулозна и очигледно злонамерно пласирана теза за „договор“ на македонските власти со некого на бугарската страна во скандалот со бегството на инфантилнана шмизла. И „амбасадорот“ сега се прави понедоветен отколку реално е, зашто како би можел да постои таков некаков договор а тој како „амбасадор“ во таа земја тоа да не го знае? И како, и зошто некој кај нас пласираше таква теза која се покажа добредојдена зад источната граница и веднаш општоприфатена?

И како воопшто еден инфантилен лик, инаку под кривичен прогон во Македонија заради сообраќајна катастрофа со смртни последици, преку ноќ кај дел од јавноста стана – хероина? И само за неа се говори во контекстот на скандалозното „преминување“ на македонско-бугарската граница, а не – реално – и за „помошта“ што можела да ја добие токму од оној кој сега глуми недоветен? И никој помеѓу локалниве „стручњаци“ не прашува како таа ја поминала (и) бугарската граница ако не со помош на бугарските власти кои исто така глумат паднати од Плутон?

Но затоа, повторно, македонско-б’лгарската шмизла за некои стана хероина, „мала полноќна музика“, а кутриот Бред Пит, ни крив ни должен, да ти бил – „шесторазреден глумец“. А зарем шмизлата не е првокласен криминалец? И какво е впрочем и она крајно непристојно (зло)употребување на името на г-ѓата Мојсов за политичко-непријателски пресметки и цели? Па зошто оној пендаровски (малите букви се објективен резултат на неговата важност за македонската држава!) не ѝ даде орден туку им делеше на едикоиси, па и на К-15?! И зарем оној заев (малите букви се реален одраз на неговото значење за македонската политика!) секојдневно комуницираше со нобеловци или со сенките на „еден Черчил, Тесла, Вирџинија Вулф“?

И да беше само шмизлава и нејзиното бегство. Па ним, по ѓаволите, и Самоил им стана сомнителен! Да не говориме за Делчев и другите. Ќе има ли крај на таквите упади во здравиот разум, на претворање на антихероите во херои, и обратно?

Воопшто не мислам дека со промената на власта ние станавме идеално место за живеење. Но, дали е тоа можеби онаа Албанија, сосе Рама и протестите? Или можеби Франција, сосе Макрон и неговите „политики“? Тој не умее дома да ги среди работите, но ние ќе му подигнеме споменик со „францускиот предлог“, нели!? Или можеби тоа е „госпожа“ фон дер Лајен на која некои во нивните пелтечења веќе ѝ подигнаа монумент на Плоштадот „Македонија“? Зашто таа, ни помалку ни повеќе туку „кристално јасно“ дипломатски нѐ де-легитимирала за време на нејзината посета на Скопје?! Па ве молам, тоа ли е македонската интелектуална мисла, и јавност? Таа, или Калас, Макрон, Мерц… Борисов и Радев… се денешниот пандан на Черчил?!

Ние – поточно тие – таквите профитери-пробисвети ги издигнуваат на некаков демократски пиедестал заради нивните апсолутно ригидни и ретроградни, а на мигови и неофашистички политики кон државата и спротивставувањето на актуелната власт и нејзините легитимни барања за поинаков однос кон Македонија. Зашто, во постапките и зборовите на таквите денешни антихерои кои ни се даваат за пример има сѐ друго освен – политика и дипломатија!

А во тој контекст, токму нашето слепо – или заслепено – прифаќање на диктатите на таков грст веќе осведочени недемократи и лажговци (во еден голем дел од нивните „политики“ кон Македонија) би значело „влегување во темна улица во која ќе бидете претепани од некој насилник“! Впрочем, денес не недостасуваат силеџии во европската политика, а ние сме веќе толку пати претепани што уште еден ќотек нема ништо да значи. Од друга страна, прво, ние немаме (како што велат) „политички проблем“, а ни дипломатски. Ако некој не умее да ја направи таа разлика, тоа е негов (не мал) проблем.

Но ние имаме државен, национален, историски, идентитетски, културен и јазичен… „проблем“. Поточно: го имаат тие, (не само) оние од другата страна на источната граница туку и сите кои тоа или не сакаат или не можат да го видат. А тие се тогаш слепа, глупа и нецивилизирана толпа силеџии и политикантски антихерои кои секако нѐ чекаат во некоја нова – темна или посветла, сеедно – улица!

П.С.

И во целиот овој контекст, ова не може да се игнорира: извесна Вангелина Пармачка од беровското село Будинарци е меѓу 100-те жени од целиот свет избрани во иницијативата на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) „100 жени херои во агро-прехранбените системи и руралниот развој“. Таа ја претставувала Македонија на Светскиот форум за храна во Рим, каде што добила признание во седиштето на ФАО за својот придонес во земјоделството и застапувањето за правата на руралните жени.

Е па, за што добила признание онаа шмизлана Михаилова за да се најде во центарот на ударните коментари на едикоиси ликови во Македонија и сите да се тооолку загрижени за неа? Можеби некоја опозициска криминално-коруптивна награда што тие си ја делат меѓусебе?

Поврзани содржини