ПРВО ПАДНАА ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ, А ПОТОА ВУЧИЌ Ист пејач им пееше на приватните забави, потсети ВМРО-ДПМНЕ

Кога Филипче зборува против Александар Вучиќ, на народот му текнува како седеа и пиеја до рани зори, како го пречекуваше на граница, како марихуаната одеше за Србија и многу други поврзаности, за кои допрва ќе се дознава, Филипче и Вучиќ се едно те исто, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, во реакција на прес-конференцијата на претседателот на СДСМ.

1

Венко Филипче си ја ишка мувата од капата, тој и Зоран Заев му се извинуваа на Александар Вучиќ, правеа пактови со него и се пијанчеа до раните утрински часови, а впрочем, Венко Филипче, Александар Вучиќ и Ана Брнабиќ имаат ист пејач кој им пее на приватни журки, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, во реакција на прес-конференцијата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Филипче денеска рече дека „балканскиот криминален октопод се руши, а по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски“.






– Еве го Венко Филипче на приватна журка во Дубаи каде што слави со Харис Џиновиќ, еве ја Ана Брнабиќ на приватна журка исто со Харис Џиновиќ и со други министри на Вучиќ, а еве и уште едно видео како самиот Вучиќ ужива во песните на Џиновиќ – рече Манасиевски, објавувајќи видеа на кои се гледаат Вучиќ и Брнабиќ во шоу емисија со Џиновиќ, како и забавата на Филипче и Заев во Дубаи на настап на понатиот српски пејач.

Ако Филипче мисли дека една иста лага повторена 1.000 пати ќе стане вистина, тоа не може да биде така, додаде Манасиевски.

– Врските на Филипче и Вучиќ не можат да се избришат ни со 1.000 прес-конференции против Вучиќ. Кога Филипче зборува против Вучиќ, на народот му текнува како седеа и пиеја до рани зори, како го пречекуваше на граница, како марихуаната одеше за Србија, како за директор на ЕСМ со Заев ставија човек на Вучиќ, како за пи-ар шеф во партија го ставија токму неговиот кум Башановиќ и многу други поврзаности за кои допрва ќе се дознава – рече Манасиевски.

Венко Филипче и Александар Вучиќ се едно те исто, додаде тој.

– Впрочем ако сакате да ја погледнете реалноста, прво паднаа Заев и Филипче, а по нив тргна бранот. Сестринската партија на СДСМ во Унгарија доживеа изборен дебакл и остана надвор од унгарскиот парламент. Сестринската партија на СДСМ во Србија е на 9-тото место. А СДСМ, пак, во Македонија има слични резултати, на последните предвремени локални избори во Брвеница се 4-та партија, во општина Куманово се 4-та партија, а во главниот град, во Скопје се 5-та партија – рече Манасиевски.

СДСМ бега од предвремени избори како ѓавол од темјан, додаде тој.

– СДСМ со Филипче се феномен. Тие се единствената партија во политичката историја, која не бара предвремени избори од опозиција. Венко Филипче доколку сака да опстане уште некој месец во политиката до избори треба да си го гледа сопствениот двор, а не да мисли дека со лаги може да ја изврти реалноста – рече Манасиевски.

Поврзани содржини