СРПСКИТЕ ГРАЃАНИ ПОКАЖАА ДЕМОКРАТСКА ЗРЕЛОСТ Честитка од Сиљановска Давкова за победата на Студентската листа

Честитки за исходот од изборите во Србија! Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт, напиша претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

48

Претседателката на Македпнија, Гордана Сиљановска Давкова ја честиташе победата на Студентската листа на предвремените парламентарни избори во Србија.

„Честитки за исходот од изборите во Србија! Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт“, напиша Сиљановска Давкова на платформата Икс.






На предвремените парламентарни избори во Србија победи опозициската Студентска листа, а Александар Вучиќ го призна поразот на неговата партија СНС уште пред објавувањето на резултатите. Според проекциите, Студентската листа ќе добие помеѓу 138 и 140 од вкупно 250 пратенички места, наспроти 103 до 105 мандати за листата на Вучиќ.

Поврзани содржини