НА ЕДЕН ЛЕКАР ПО 691 ЗАТВОРЕНИК, СВЕТСКИОТ СТАНДАРД Е 300! Ниско ниво на здравствени услуги во македонските затвори
Поради недостиг од медицински персонал, забележано е долго чекање за специјалистички прегледи, прекини во терапијата и слабата превентивна здравствена заштита на затворениците.
Македонските затвори се пренатрупани, а медицинскиот персонал што работи во нив е недоволен и преоптоварен, констатира Народниот правобранител, по спроведена контрола во 11 казнено-поправни установи.
Поради недостиг од медицински персонал, забележано е долго чекање за специјалистички прегледи, прекини во терапијата и слабата превентивна здравствена заштита на затворениците.
Според наодите, пренатрупаност е утврдена во 7 од контролираните 11 установи, а во исто толку има постојан здравствен персонал. Во останатите четири, здравствената грижа се обезбедува периодично или по повик. Ниту една од посетените установи нема 24-часовно присуство на здравствени работници.
Во затворот „Идризово“, според извештајот, еден лекар се грижи за приближно 691 лице, додека една медицинска сестра или техничар опслужува околу 461 лице, наспроти стандардите од 300 лица кај еден лекар. Народниот правобранител оценува дека, иако правото на здравствена заштита е формално признаено, неговата практична достапност и континуитет остануваат нерамномерни.