ЗАБЕЛЕЖАЛЕ ПОВРЕДИ КАЈ УЧЕНИЧКА, ПРИЈАВИЛЕ ВО ПОЛИЦИЈА Обавен службен разговор со нејзината законска старателка

Засега нема дополнителни информации за тоа како настанале повредите кај ученичката.

59

Видливи повреди кај ученичка во основно училиште во Велес биле забележани од стручната служба, по што случајот бил пријавен во Центарот за социјални работи.

Од Центарот вчера го известиле СВР Велес дека добиле информација од училиштето за повредите кај детето, кое потоа било однесено на лекарски преглед.






Во врска со случајот, полициски службеници извршиле службен разговор со 57-годишна велешанка, законска старателка на ученичката.

За настанот е известен јавен обвинител. Полицијата работи на расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

Засега нема дополнителни информации за тоа како настанале повредите кај ученичката.

Поврзани содржини