ГО НАПАДНАЛ ТАТКА СИ, ПА ФИЛМСКИ СЕ БРКАЛЕ СО АВТОМОБИЛИ Штипјанец уапсен по пријава за семејно насилство
Постариот маж се обидел да избега со автомобил, но синот тргнал по него, го следел, и со своето возило и го удрил, со намера да го исфрли од патот.
Педесет и шестгодишен штипјанец е уапсен под сомнение дека прво физички го нападнал својот 79-годишен татко, а потоа со автомобил го следел и се обидел да го истурка од коловозот.
Г.Т. е уапсен вчера во 14:45 часот од полициски службеници на СВР Штип, по пријава за настан што се случил на 24 октомври.
Според пријавеното, таткото и синот најпрво се скарале, по што 56-годишникот физички го нападнал својот татко. Постариот маж потоа се обидел да избега со автомобил, но синот тргнал по него со своето возило и го удрил, со намера да го исфрли од патот.
За случајот е известен јавен обвинител. По целосното документирање на настанот, полицијата најавува соодветна пријава.