79-ГОДИШНА ЖЕНА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО КУЌА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Најверојатно убиена, има траги на насилство
Известен е јавен обвинител по чии насоки телото е дадено на обдукција.
Во СВР Скопје денеска околу 9.15 часот М.А. пријавила дека во куќа на улица Ѓурчин Кокале во скопската населба Ѓорче Петров ја пронашла нејзината мајка О.А.(76), без знаци на живот.
Итна медицинска помош констатирала дека на телот има видливи траги од насилство, од кое најверојатно настапила смртта.
Известен е јавен обвинител по чии насоки телото е дадено на обдукција.
СВР Скопје презема мерки за утврдување на причините и за расчистување на случајот.