ТУРИСТКА ОД ГЕРМАНИЈА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ОХРИДСКИ ХОТЕЛ Наредена е обдукција
Со цел точно утврдување на причините за смртта, по наредба на обвинителот, телото на починатата е предадено на обдукција“, соопшти полицијата.
Германска туристка на возраст од 70 години во вторникот вечерта е пронајдена почината во хотел на кејот во Охрид, соопшти МВР.
„Случајот бил пријавен во Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид во 23:40 часот. По добиената пријава, на местото на настанот веднаш излегла екипа на Итната медицинска помош, при што дежурниот лекар констатирал смрт кај седумдесетгодишната Б.Х.К.
Првичниот медицински преглед покажал дека на телото на починатата странска државјанка нема траги на насилство. По овластување на Јавен обвинител, полициски екипи извршиле увид на местото на настанот. Со цел точно утврдување на причините за смртта, по наредба на обвинителот, телото на починатата е предадено на обдукција“, соопшти полицијата.