📽️ УКРАИНСКИ ДРОН ПОШТЕДИ РУСКИ ЦИВИЛ, ПА ГО НАСОЧИЛ КОН РУСКА ВОЕНА ЦЕЛ Се спасил од напад, па покажал каде се војниците

Видеоснимка што се шири на социјалните мрежи наводно прикажува руски жител како му покажува на украински FPV-дрон во кој правец се наоѓаат руските трупи, откако операторот претходно одлучил да не го нападне.

0

Несекојдневна сцена од војната во Украина се појави на социјалните мрежи, каде наводно руски жител од погранично село му покажува на украински дрон каде се наоѓаат руските војници, откако операторот на беспилотното летало решил да не го нападне.

Според информациите што ја придружуваат видеоснимката, украински „FPV“-дрон влегол во погранично село на руска територија во потрага по воени цели. Во еден момент се приближил до цивил кој се наоѓал на патот.






Наместо да го нападне, операторот на дронот направил маневар со кој, според објавата, му покажал на човекот дека не е цел на нападот и дека леталото е насочено кон руските воени сили.

 

Откако сфатил дека нема да биде нападнат, жителот погледнал кон камерата на дронот и со рака покажал во правец на блискиот пат, посочувајќи каде се наоѓаат руските војници.

Украинскиот оператор ја следел насоката што му ја покажал цивилот. Кратко потоа, дронот наводно забележал воено возило во кое се превезувале руски војници и удрил во него.

Снимката, која се шири на социјалните мрежи, предизвика бројни реакции поради необичната ситуација во која цивил на руска територија му помага на украински оператор да ја лоцира руската воена цел, откако претходно бил поштеден од напад.

Настанот повторно го отвори прашањето за положбата на цивилното население во пограничните подрачја, каде воените операции и нападите со беспилотни летала секојдневно го загрозуваат животот на луѓето.

Поврзани содржини