ФИЛИПЧЕ ТРЕБА ДА ОДГОВАРА ЗА САБОТАЖА Сака немири во Македонија, ама граѓаните ја препознаваат стабилноста на државата
Го повикуваме Јавното обвинитество да постапи по допрен глас и да ги повика на информативен разговор сите оние коишто пробуваат да го урнисаат уставниот поредок на државата, рече пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Венко Филипче и партнерите од СДСМ треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
– Филипче и неговите партнери свесно шират лаги и манипулации за случајот со Алта банка, случај кој постои во друга држава, но не и во Македонија. Филипче и неговите партнери од петни жили се обидуваат сликите од немирите во другите држави да ги пренесат во Македонија, нешто што не им успева, бидејќи граѓаните ја препознаваат стабилноста во државата – рече Петрушевски.
Зошто Филипче и СДСМ се толку гласни за Алта банка, праша тој.
– Чека ли спремен бизнисмен близок до Зоран Заев за багателна цена да ја откупи банката? Инаку, зошто би сакале СДСМ да пропадне некоја банка, по стилот на Еуростандард? Го повикуваме Јавното обвинитество да постапи по допрен глас и да ги повика на информативен разговор сите оние коишто пробуваат да го урнисаат уставниот поредок на државата – рече пратеникот Петрушевски.