САБОТАЖА НА ЖЕЛЕЗНИЦАТА ВО ХОЛАНДИЈА Долги метални цевки прицврстени на пругите го прекинаа сообраќајот

Во оваа фаза, се чини дека станува збор за намерно нарушување на железничкиот сообраќај од човечка акција. Сè уште не е познато кој е одговорен или кој е мотивот, објави компанијата ProRail.

2

Железничкиот сообраќај во централна и северна Холандија утрово беше нарушен за време на шпицот поради блокада на пругите на кои биле прицврстени долги метални цевки, соопшти менаџерот за инфраструктура во ПроРаил.

Од утрото се пријавени околу 20 вакви случаи.






Холандскиот радиодифузер NOS објави снимки од долгите, тенки цевки како се отстрануваат од пругите.

„Во оваа фаза, се чини дека станува збор за намерно нарушување на железничкиот сообраќај од човечка акција. Сè уште не е познато кој е одговорен или кој е мотивот“, објави компанијата ProRail.

Случајот го истражува националната полиција.

Цевките го нарушија не само железничкиот, туку и патниот сообраќај, бидејќи неколку железнички премини мораа да останат затворени.

Поврзани содржини