ВО ХОЛАНДИЈА ДРОГА СЕ НУДИ СО ФЛАЕРИ ВО САНДАЧИЊА!? Нарачување он-лајн, достава до дома!

На флаерите, покрај илустрации на различни таблети, е испишана пораката „Ајде да се забавуваме“.

1

Полицијата во холандскиот град Утрехт истражува случај со рекламни флаери за продажба на дрога, што биле доставени во поштенски сандачиња во неколку населби.

На флаерите, покрај илустрации на различни таблети, е испишана пораката „Ајде да се забавуваме“, а се наведува и дека дрогата може да се нарача преку QR-код или телефонски број, со брза испорака во кое било време од денот. Плаќањето е можно во готовина или преку барање за плаќање.






Флаери биле пронајдени во населбите Ниув Енгеланд, Ох ин Ал, Ломбок, Схепенбурт и Велгелеген. Не е познато дали биле доставени до сите станбени објекти во тие населби.

Полицијата соопшти дека жителите нема потреба дополнително да го пријавуваат случајот, бидејќи веќе е запознаена со ситуацијата и спроведува истрага.

Поврзани содржини