ТРАМП УВЕРУВА ДЕКА ВОЈНАТА СО ИРАН НАСКОРО ЌЕ ЗАВРШИ Галибаф порачува дека нема мир без условите на Техеран
Ни треба гаранција дека Иран никогаш нема да има нуклеарно оружје, рече американскиот претседател, Доналд Трамп.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти војната со Иран наскоро ќе заврши, но не прецизираше на кој начин би дошло до тоа.
Изјавата на Трамп доаѓа во пресрет на изборите за американскиот Конгрес, кои се закажани за 3 ноември.
– Наскоро сè ќе заврши. Ни треба гаранција дека никогаш нема да има нуклеарно оружје – рече американскиот претседател.
Трамп претходно изјави дека САД нема да извршуваат напади врз Иран пред одржувањето на изборите.
Претходно денеска претседателот на иранскиот парламент Мохамад Багер Галибаф изјави дека условите на Исламската Република за евентуални разговори со САД и за завршување на војната се јасно и повеќе пати изнесени.