ЦРНА ГОРА ПОДГОТВЕНА ДА ГРАДИ НОВИ ОДНОСИ СО СРБИЈА Спајиќ ги поздрави изјавите на Студентската листа

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ вели дека од почетокот на мандатот на актуелната влада Црна Гора е подготвена за соработка со Србија на највисоко ниво, но досега немало можност за тоа.

19

Црна Гора е подготвена да гради односи со новата власт на Србија онаква каква што заслужуваат граѓаните на двете земји, изјави денеска премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ.

Тој истакна дека од почетокот на мандатот на актуелната влада Црна Гора е подготвена за соработка со Србија на највисоко ниво, но досега немало можност за тоа.






Спајиќ ги поздрави изјавите на претставниците на Студентската листа, која победи на изборите во Србија, дека доаѓа нова фаза во односите помеѓу двете земји.

– Исто така, веруваме дека дојде ново време за овие односи и со радост и големо задоволство ќе продолжиме да создаваме атмосфера и односи што ги заслужуваат народите на Црна Гора и Србија – порача Спајиќ.

Поврзани содржини