🎥 КАЗНЕТ СКОПЈАНЕЦОТ ШТО ИСТУРИЛ ГРАДЕЖЕН ШУТ ОД КАМИОН Снимен е како загадува зелена површина

18

Полицијата го откри и го казни лицето кое со камион истураше градежен шут на зелена површина.

Денеска (30.10.2026), во Полициската станица од општа надлежност Карпош е повикан А.А.(50) од Скопје во врска со претходно објавени видеоснимки на социјалните мрежи на кои се гледа како машко лице со товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки истура градежен шут на зелена површина.

По преземените мерки и активности, утврден е неговиот идентитетот, повикано е во полициска станица и со него е извршен службен разговор, по што заедно со инспекторат за животна средина при општина Карпош преземени се соодветни законски мерки.

 






Поврзани содржини