ПОСЕГНАЛ ПО АПАРАТОТ И СПРЕЧИЛ ПОГОЛЕМ ПОЖАР Студент реагирал кога се запалил бојлер во „Стив Наумов“
Пожарот избувнал вчера околу 12:30 часот во студентскиот дом во Скопје. Студент реагирал со противпожарен апарат и го изгаснал огнот, а според полицијата, нема повредени лица.
Студент со противпожарен апарат изгаснал пожар што избувнал на бојлер во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје. Инцидентот се случил вчера, 28 октомври, околу 12:30 часот, а во него нема повредени.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пожарот бил пријавен во СВР Скопје половина час подоцна, во 13 часот.
„Студент со противпожарен апарат го изгаснал пожарот, а повредени лица нема“, соопшти МВР.