СКОПЈЕ НИКОГАШ НЕ БИЛО ПОУБАВО! Градоначалникот Ѓорѓиевски за прославата на 8 Септември
„Огромна благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и Владата за прекрасната организација и забавата што долго ќе се памети! Скопје, ова е твојот сјај!“ – објави Ѓорѓиевски на Фејсбук, споделувајќи го видеото на Дејвид Гета.
Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својата Фејсбук страница сподели видео од настапот и впечатоците на Дејвид Гета од спектакуларниот концерт во Скопје.
„Скопје никогаш не било поубаво! Центар на светот, на забавата и дружењето! Град што пулсира со радост, обединува и создава спомени за цел живот!
Огромна благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и Владата за прекрасната организација и забавата што долго ќе се памети! Скопје, ова е твојот сјај!“ – објави Ѓорѓиевски на Фејсбук.