МЕТА ТРЕБА ДА ПЛАТИ КАЗНА ОД 25 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Суд во Ново Мексико пресуди дека ги довела во заблуда корисниците

Главниот обвинител на Ново Мексико, Раул Торез пресудата ја опиша како „една од најголемите, ако не и најголемата, единечна државна пресуда против компанија во американската историја“.

0

Судија од Ново Мексико ѝ наложи на Мета да ѝ плати на државата 25 милијарди долари откако поротата ја прогласи технолошката компанија, сопственик на Фејсбук и Инстаграм, за виновна за доведување во заблуда на корисниците во врска со нејзините политики за приватност и модерирање на содржини.

Главниот обвинител на Ново Мексико, Раул Торез пресудата ја опиша како „една од најголемите, ако не и најголемата, единечна државна пресуда против компанија во американската историја“.






Тој додаде дека пресудата треба да служи како предупредување за технолошките компании.

– Оваа пресуда треба да испрати сигнал, јасен сигнал до Силиконската долина, посочи Торез.

Според Уставот на Ново Мексико, средствата од казните за кршење на законите за заштита на потрошувачите одат во државниот буџет за образование.

Можеме да финансираме изградба на училишта во следните 100 години, истакна Торез.

Мета има право на жалба на пресудата. Компанијата сè уште не се изјаснила за пресудата, но беше објавено дека ќе се жали на одлуката на поротата, која беше донесена во септември.

Со пресудата Мета е прогласена за виновна за 43 милиони прекршувања на законите за заштита на потрошувачите во Ново Мексико, кога фирмата за политички консалтинг „Кембриџ Аналитика“ собрала податоци од корисниците на Фејсбук за да ги таргетира со политички насочени реклами за претседателските избори во 2016 година, на кои победи Доналд Трамп.

Четириесет и осум други американски држави се спогодија со Фејсбук во заедничка тужба, но Ново Мексико одлучи сам да ја изведе социјалната мрежа и нејзиниот сопственик на суд.

Четириесет и осум други американски сојузни држави се спогодија со Фејсбук во заедничка тужба, но Ново Мексико одлучи сам да ја изведе социјалната мрежа и нејзиниот сопственик на суд.

Поврзани содржини