ПАРТИЈАТА НА ГАШИ СО СВОИ ПРЕДЛОЗИ И Алтернатива бара бришење на формулацијата 20% од Уставот во однос на албанскиот јазик
Дебатата за ова прашање треба да се води внимателно бидејќи уверени сме дека во процесот на бришење на формулацијата „јазикот што го говорат повеќе од 20 проценти...“ во Уставот, не смее да има победници и поразени. Народски кажано, треба да се направи со „Алал“!, вели Гаши.
И Алтернатива влегува во низата на партии од албанскиот политички блок со барање од Уставот да се избрише формулацијата 20% и да се замени со албански јазик.
Но, лидерот Африм Гаши не спомена дека ова барање ќе биде услов за пратениците од неговата партија гласаат за внесување на Бугарите во македонскиот устав. Тој посочи дека треба да се внимава при дебатата за ова прашање, бидејќи како што вели, секој поинаков пристап кој ќе личи на уцена, популистички трик за дневно политички поени, ќе направи обратен ефект
– Укажуваме дека Алтернатива во целост се согласува дека граѓанскиот концепт на градење на државата, дефиниран во Уставот, веќе ја надживува актуелната понижувачка нормативна форма во Уставот – Албанскиот јазик да се дефинира со проценти… Дебатата за ова прашање треба да се води внимателно бидејќи уверени сме дека во процесот на бришење на формулацијата „јазикот што го говорат повеќе од 20 проценти…“ во Уставот, не смее да има победници и поразени. Народски кажано, треба да се направи со „Алал“! – вели претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.
Кога ќе се отвори Уставот Алтернатива ќе предложи амандмани, со кои ќе се оневозможи застареност на судски предмети и кривични дела, извршени од избрани и именувани функционери. Претседателот на Алтернатива Африм Гаши рече дека тоа се прави, за да се крене борбата против криминалот и корупцијата од рамништето на Кривичниот закон на рамниште на Уставот. Покрај во членот 52 од Уставот, Гаши вели дека треба да се интервенира и во Кривичниот законик.
– Законите можат да имаат ретроактивно дејство дури и во случаите, кои се однесуваат на застареност на кривичната одговорност за злоупотреби од именувани, или избрани лица при извршување на јавните овластувања, со што предизвикале штета на јавните фондови, на буџетските пари на централно и локално рамниште и на тој начин незаконски стекнале богатство. Измената ќе биде основа и ќе создаде можности за измени и дополнувања на членот 112 во Кривичниот законик, за да се предвиди одредба, со која никогаш не можат да застарат кривичните дела, сторени од избрани, или именувани лица, кои се категоризираат како кривични дела против службената должност – нагласи Африм Гаши, претседателот на Алтернатива.
– Ова не е услов, туку е барање, кое, според Гаши, треба да наиде на поддршка од сите политички партии во земјата. Нема да биде важно дали е од Алтернатива, може да биде предлог на група пратеници. Важно е овој амандман да се вметне во Уставот и да имаме поголема можност, односно на на уставно рамниште, за борба против криминалот и корупцијата – кажа Гаши.
Но, останува отворено прашњето дали во Собранието воошто ќе се стигне до дво-третинско мнозинство за отворање на Уставот. Оптимизмот кој пред три дена од Скопје го искажа Фон Дер Лајен и што мислела таа со нејзината изјава денеска беше дообјаснето од евроамбасадорот Гир.