📷 ОДБОЈКАРИТЕ ИСПРАТЕНИ СО КОФА ВОДА ЗА СРЕЌА ВО СОФИЈА Миленкоски поведе и 4 дебитанти во тимот
Македонските одбојкари заминаа за Софија, а првиот предизвик е домаќинот Бугарија. Селекторот Јошко Миленкоски поведе и четворица дебитанти. Репрезентативците беа испратени со традиционалното истурање вода.
Македонските одбојкари заминаа за Софија на Европското првенство, а за среќа беа испратени со кофа вода, според македонската традиција. Првиот двобој го играат в среда против домаќинот Бугарија. Селекторот Јошко Миленкоски поведе 14 одвојкати меѓу кои и 4 дебитанти.
Одбојкарите ќе имаат два дена за приспособување и за последните подготовки.
Фото: Одбојкарска федерација на Македонија
Дебитанти се техничарот Давид Стојанов, коректорот Кристијан Илијев, средниот блокер Михајло Мирасчиев и либерото Филип Јованов.
Останатите десетмина веќе имаат искуство од големи натпреварувања во македонскиот дрес.
Македонија ќе игра во групата Б. Покрај Бугарија, противници ќе ѝ бидат Полска, Украина, Португалија и Израел.
